сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Хроника

Десет повредени во 10 сообраќајки во Скопје

Десет повредени во 10 сообраќајки во Скопје

Десет лица се полесно повредени во шест од вкупно десет сообраќајни незгоди што се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Во изминатото деноноќие 15 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, а сообраќајната полиција исклучила од сообраќај исто така 15 возачи од кои 12 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и тројца почетници. Од сообраќај се исклучени и 11 возачи кои возеле нерегистрирани возила.

Мерки се изречени и против пет возачи кои поминале на црвено светло, против двајца за непрописно престројување и четворица за неправилно престигнување.

За непрописно паркирање изречени се мерки против 113 возила, а со специјалното возило пајак подигнати се 81 возило.

Мерки се изречени и против четворица пешаци кои поминале улица надвор од пешачки премин.

За денес се закажани едукативни работилници во ООУ-„Димитар Поп Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров.

Коронавирус