четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 103
home Хроника

Десет годишно дете прегазено во Тетово, со тешки повреди пренесено во болница

Десет годишно дете прегазено во Тетово, со тешки повреди пренесено во болница

Дете се здобило со тешки повреди откако во него удрил автомобил. Несреќата информираат од МВР, се случила вчера во 13:40 часот на улицата „109“ во Тетово.

Според полициските информации, патничко возило „Форд Фокус“ со италијански регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(60) од Тетово, удрило во 10-годишно момче од Тетово.

-На детето му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.