Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Т.С.(72) и З.Г.(63), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „измама“.
На 27-ми октомври на улица „Марко Цепенков” во Охрид, пријавените го пресретнале Б.Ј.(81) од Охрид и со намера да стекнат противправна имотна корист, го довеле во заблуда и лажно му прикажале дека направиле сообраќајна незгода.
Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен и му побарале 2.000 евра при што оштениот прифатил замена. На 30 октомври годинава на улица „Питу Гули” пријавените му пристапиле на К.Г.(77) од Охрид и на истиот начин, за случена сообраќајната незгода, го довеле во заблуда и му зеле 2.000 долари во замена за наводни златни предмети.
Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 220.000 денари.