недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Хроника

Дедо остана без пензијата, само што ја извадил веднаш му ја украле

Дедо остана без пензијата, само што ја извадил веднаш му ја украле

На 03.09.2018 година во 12.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавил дека истиот ден во 11.15 часот на ул„Даме Груев“ непознато лице извршило тешка кражба над него.

Додека ги броел парите од пензијата, кои претходно ги извадил од банка, му се доближило лицето и се претставило дека е вработен во банката. Лицето побарало да му ги даде парите затоа што, наводно, благајничката погрешно му дала пари од трезорот и во тој момент од раката насилно му одзело 24.000 денари и побегнало во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус