петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 62
home Хроника

Дедо од Вруток жртва на дрска измама: Му побарале пари за лекување, а кога им дал избегале

Дедо од Вруток жртва на дрска измама: Му побарале пари за лекување, а кога им дал избегале

На 20.08.2019 околу 10:30 часот во Полициската станица Гостивар, Ш.А.(86) од село Вруток, гостиварско, пријавил дека во близина на гостиварската болница бил измамен од две лица.

Според пријавеното, двете лица му се доближиле и едното од нив се претставило дека е од Канада и му побарало пари, наводно, за да плати одредени услуги за сопругата во болницата.

Според пријавата, Ш.А. му дал 450 евра и 4500 денари, а како гаранција дека брзо ќе му ги врати парите лицето му оставило лажен златен часовник, кој претходно му го продавал на другото непознато лице.

После тоа лицето заминало и не се вратило.

Се работи на расчистување на случајот.