недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 71
home Хроника

Дедо од Скопје тешко повреден додека пешачел, во него удрил автомобил

Дедо од Скопје тешко повреден додека пешачел, во него удрил автомобил

Во СВР Скопје вчера во 16:25 часот било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ патничко моторно возило „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управувано од З. С. (22) од Скопје удрило во пешак Н. Д. (82) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.