среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Дедо од Штип превезувал мигранти, меѓу нив најдени 10 деца

Дедо од Штип превезувал мигранти, меѓу нив најдени 10 деца

На 09.09.2020 околу 01:00 часот во с.Матејче-кумановско, полициски службеници од Полициското одделение Матејче дале знак да застане патничко моторно возило “рено еспејс“ со штипски регистарски ознаки, но истото продожило да се движи кон с.Отла.

По кратко време на ул.„11-Ноември“ во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово возилото било сопрено, при што било констатирано дека е управувано од Д.Ј.(70) од Штип. Во возилото се превезувале 21 мигрант и тоа од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои 10 малолетни лица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Куманово. Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Локални избори 2021