вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 173
home Хроника

Дедо од Прилеп повреден додека возел велосипед

Дедо од Прилеп повреден додека возел велосипед

На 12.06.2020 во 16.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Крушево, патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(21) од с.Воѓани, прилепско, удрило во велосипед, управуван од С.Б.(74) од Прилеп.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Локални избори 2021