вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 125
home Хроника

Деца претепани во Скопје

Деца претепани во Скопје

На 07.09.2018 година во 22:45 часот во Полициска станица Ѓорче Петров отишле Д.Н.(39) и М.Х.А.(45) двајцата од Скопје.

Тие пријавиле дека истиот ден околу 21:50 часот на улица „Исаија Мажовски” од страна на неколку малолетни лица биле физички нападнати нивните синови на возраст од 12 и 15 години.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.