сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Хроника

Деца прегазени во кичевско, со повреди пренесени во болница

Деца прегазени во кичевско, со повреди пренесени во болница

Сообраќајна несреќа во која повредени се двајца малолетници се случила вчера попладне на локалниот пат кај с.Челопеци во Кичево.

Автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(73) од Кичево, удрил во двајца пешаци- малолетници од с.Челопеци, кичевско.

-По незгодата, тие биле пренесени во Медицински центар Кичево, при што кај едниот биле констатирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди, посочуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Коронавирус