петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 11
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

„Дај пари или ќе те убијам“: Поднесено обвинение за разбојникот од Лисиче

„Дај пари или ќе те убијам“: Поднесено обвинение за разбојникот од Лисиче

Основното јавно обвинителство Скопје по спроведена истражна постапка поднесе обвинение против едно лице на возраст од 29 години, за разбојништво.

-Обвинетиот на 16.11.2019 година, влегол во семејна куќа во населбата Лисиче преку незаклучена врата. Внатре ја затекнал оштетената на која и се заканил со нож и со зборовите „дај пари или ќе те убијам“. Оштетената успеала да му ја оттргне капата со која му била покриена главата и да го види неговиот лик, по што обвинетиот го вперил сечивото од ножот кон нејзината слепоочница, а со дланката и ја покрил устата за да не може да повика помош. Нападнатата му покажала на паричникот на масата, по што тој и наредил да ги извади сите пари од паричникот, вкупно 600 денари во различни апоени. Откако ги одзел парите, обвинетиот повторно и се заканил да не повикува помош и се дал во бегство, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека се уште постојат законските основи – опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, како и опасност да го повтори делото што му се става на товар, особено заради фактот што се работи за лице и претходно осудувано за исти кривични дела.

Коронавирус