вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 179
home Хроника

Чуварите на кои им избега затвореник додека купуваа сендвич, ќе бидат суспендирани

Чуварите на кои им избега затвореник додека купуваа сендвич, ќе бидат суспендирани

На враќање од Клиника, затвореник од КПУ „Идризово“ избегал од возилото со кое затворската полиција го транспортирала на преглед. Според Управата, затворската полиција ја прекршила постапката.

Како што соопшти за МИА директорот на затворот Боби Мојсовски, на враќање од Клиничкиот центар, каде затвореникот бил упатен на преглед, затворските полицајци застанале да купат сендвичи од бензинската на Макпетрол кај училиштето „Михајло Пупин“, при што затвореникот избегал од задната вврата на возилото.

Полицајците, според директорот, ќе бидат суспендирани поради непочитување на постапката за менување на рутата, поради тоа што не бил врзан затвореникот и трето, како што вели, најверојатно му купувале и нему сендвич.

Локални избори 2021