На 31.12.2020 во 13.30 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека под мост помеѓу селата Чегране и Тумчевиште, во реката Вардар, бил забележан човечки труп, информира МВР.
Од Противпожарната единица од Гостивар телото било извадено и направен е увид на местото на настанот.
По наредба на Јавен обвинител, телото е пренесено во Медицински центар Гостивар за понатамошна постапка.