недела, 18. август 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Чичко нападнал внук- со возило се обидел да влезе во двор низ ограда

Чичко нападнал внук- со возило се обидел да влезе во двор низ ограда

На 20.07.2019 во 00.15 часот во Полициското одделение Сарај, А.Ш.(36) од с.Љубин, скопско, пријави дека на 19.07.2019 околу 21.00 часот, додека бил во дворот од куќата на братучедот С.Ш. заедно со семејствата, неговиот чичко Е.Ш. со возило удрил во ѕидот од оградата, по што излегол и им упатил закани и се обидел да ги нападне.

Е.Ш. бил приведен и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.