сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 31
home Хроника

Четврта жртва од македонскиот автобус: Почина Македонка повредена во тешкaта несреќа кај Лесковац

Четврта жртва од македонскиот автобус: Почина Македонка повредена во тешкaта несреќа кај Лесковац

Македонската државјанка С.Т. која е тешко повредена на 16 декември, кога кај Лесковац од коловозот излета автобус со патници од Македонија и се преврти, почина синоќа во клиничкиот центар во Ниш, пренесува српски Блиц.

Таа е четвртата жртва на несреќата во која 6 лица беа тешко повредени, а 32 полесно. Три жртви починаа на лице место, пишува српски Блиц.

Патничката С.Т. имала скршеница на карличните коски кои довеле до руптура на мокрачната бешика, поради што е оперирана во Клиничкиот центар во Ниш.

Таа со уште една патничка била приклучена на апарати за дишење.

Во КЦ Ниш биле довезени уште четири тешко повредени патници, чија состојба е стабилизирана.

Коронавирус