недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Четворица вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ го нападнале својот колега

Четворица вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ го нападнале својот колега

Вработен во ЈП „Паркови и зеленило“ бил нападнат од своите колеги, информираат од МВР.

Вчера во околу 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ на ул. „Орце Николов“, по претходна вербална расправија, четири лица – вработени во претпријатието физички го нападнале нивниот колега 46-годишниот С.Г. од Скопје.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.