вторник, 11. август 2020. Вести денес: 58
home Хроника

Четворица скопјани фатени со марихуана

Четворица скопјани фатени со марихуана

Четворица скопјани во текот на минатиот ден биле фатени со марихуана, а кај едниот од нив била пронајдена и прашкаста материја. Се работи за три одделни случаи.

Вчера во 11.50 часот на регионален пат за ХЕЦ Козјак полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(39) од Скопје, бидејќи кај него биле пронајдени прашкаста материја и марихуана, се вели во билтенот на МВР.

Вчера во 23.20 часот на ул.„Орце Николов” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е(26) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана, велат од полицијата.

Синоќа во 02.30 часот во с.Горно Нерези, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.С.(27) и И.Д.(26), двајцата од Скопје, бидејќи кај нив биле пронајдени марихуана и ризли, велат од МВР.

Во сите случаи по целосно документирање од МВР велат дека ќе следат соодветни поднесоци.

Коронавирус