четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 150
home Хроника

Четворица повредени во две сообраќајки на моторциклисти во полошко

Четворица повредени во две сообраќајки на моторциклисти во полошко
илустрација

Четворица повредени мотоциклисти и сопатници, од кои двајца потешко, се последиците од две сообраќајки со моторцикли што вчера се случиле во Тетово и Гостивар, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци несреќата во Тетово се случила околу 15 часот и 50 минути на булевар „Маршал Тито“ во непосредна близина на железничкиот надвозник во градот.

Во сообраќајката учествувале  два мотоцикла со тетовски регистерски таблици „Рија“ што без дозвола го управувало 16-годишно лице од Тетово и „Сузуки“, управуван од А.М.(24) од Мала Речица, исто така без возачка дозвола.

По несреќата двајцата мотоциклисти со други возила биле пренесени во тетовската клиничка болница. По укажаната помош со тешки телесни повреди А.М. итно бил пренесен на скопските клиники, додека малолетникот бил пуштен на домашно лекување.

Другата сообраќајка се случила на локалниот пат што води кон гостиварската депонија „Русино“ околу 9 часот и 30 минути откако 17- годишен гостиварец загубил контрола врз мотоциклот „Гланц“, што без дозвола го управувал, и излетал од коловозот. При тоа тој задобил со тешки телесни повреди – скршеница на десниот скочен зглоб и по укажаната помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурат“ бил пуштен дома,  а неговиот сопатник С.П.( 19 ) од Гостивар исто така завршил со тешки телесни повреди – скршеница на лева бутна коска и бил префрлен на скопските клиники.

Полицијата извршила увид на двете места и работи на расветлување сите поединости поврзани со овие сообраќајни несреќи.

Коронавирус