среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Хроника

Четворица кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата

Четворица кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата

На четворица Кубанци им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата поради илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Македонија, информира Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 19:10 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи Југ-Кавадарци биле приведени К.Р.Д.(26), П.С.Ј.(43), Р.В.Б.(33) и малолетник, сите од Куба. Тие во патните исправи немале евидентирано влез во државата и изјавиле дека истиот ден илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Македонија. Нив им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата, наведуваат од МВР.

Локални избори 2021