недела, 27. септември 2020. Вести денес: 53
home Хроника

Четворица кичевци не го почитувале полицискиот час

Четворица кичевци не го почитувале полицискиот час

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид , каде што е и Кичево е стабилна. Изминатово деноноќие,  во периодот од 21 часот на 1 април до 7 часот на 2 април, четири лица во Кичево не ја почитувале мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.

-Нема  собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, ни сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој додаде дека се извршени 61 контрола на евидентираните лица со решение за изолација од кои четири во Кичево. Спроведени се 286 контроли врз лицата во самоизолација , од кои две лица се од Кичево.

Полициските службеници извршиле и 107 контроли на угостителски објекти. 

Коронавирус