четврток, 6. август 2020. Вести денес: 75
home Хроника

Четири возила се судија кај Стража, повредени пет лица

Четири возила се судија кај Стража, повредени пет лица
фото илустрација

Пет лица на возраст од 20 до 24 години се повредени во сообраќајка несреќа во која учествувале четири возила, а која се случила вчера во 08,40 часот на магистралниот пат Кичево-Скопје, пред превој „Стража“.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „рекстон“ сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки управуван од Ф.Б.(22) од Тетово, „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки управувана од А.Б.(22) од Тетово и „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од В.Т.(24) од Гостивар.

-По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот на патничко моторно возило „цитроен“ В.Т. со неговите сопатници Ј.Г.(20), В.Г.(23), Г.Т.(20) и Ц.М.(20) сите во Гостивар биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар, информират од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Коронавирус