петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Четири млади момчиња фатени во кола со кокаин

Четири млади момчиња фатени во кола со кокаин

Рано утрово околу 04.30 часот во тетовското село Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш. (27), А.Р. (22) и А.С. (27) од скопските села Копаница и Бојане и М.Ј. (23) од тетовско Палчиште, кои биле во патничко возило „форд“, со скопски регистарски таблички.

При нивен и преглед на возилото бил пронајден кокаин.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.