сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 71
home Хроника

Четири лица тешко повредени во сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Четири лица тешко повредени во сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден возач на мотоцикл се здобиле со тешки телесни повреди, а 11 лица со лесни телесни повреди во осум од вкупно девет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во една сообраќајна незгода е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје исклучени се 25 возачи кои се движеле со поголема брзина, седум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници.

За непрописно паркирање на моторни возила се издадени 68 казни, 18 казни за нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 55 возила.

Евидентирани се и 15 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и еден за неправилно престројување.

Казнети се и девет возачи кои не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет за неносење сигурносен појас за време на управување на моторни возила и 18 за користење на мобилен телефон за време на управување моторни возила.

Коронавирус