вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 55
home Хроника

Четири лица пренесени на Токсикологија по пожарот во КПД „Шутка“

Четири лица пренесени на Токсикологија по пожарот во КПД „Шутка“

Четири лица од КПД „Шутка“ каде што денеска избувна пожар во соба од затворското одделение се пожалиле на отежнато дишење и се пренесени на Клиниката за токсикологија каде се следи нивната состојба.

Докторка Шпреса Хасани од Итната медицинска помош во изјава за МИА вели дека четирите лица побарале лекарска помош и оти од страна на лекар од КДП „Шутка“ е повикана Итната медицинска помош по што лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во гаснењето на пожарот интервенираа пет возила и 11 пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Коронавирус