среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 175
home Хроника

Четири лица повредени во тешка сообраќајка на патот Ресен-Охрид

Четири лица повредени во тешка сообраќајка на патот Ресен-Охрид

На 11.07.2021 во 18.50 било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на превој Буково, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(26) од с.Кравари, битолско, и патничко возило „фиат пунто“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(48) од с.Златари, ресенско.

-Во незгодата возачот Т.Н. и малолетна сопатничка од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од двете возила, С.Н.(44) од с.Златари и Н.Б.(32) од с.Раштани, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, Општата болница-Охрид и во Клиничка болница-Битола, информира МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Локални избори 2021