среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 118
home Хроника

Четири лица повредени во тешка сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Четири лица повредени во тешка сообраќајка на патот Градско-Прилеп
фото илустарција

Четири лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 06.10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, на крстосницата на ул.„Пролетерска“ и магистралниот пат во Росоман,

Во несреќата учествувале товарно возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(45) од Штип и патничко возило „фолксваген шаран“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(49) од Кавадарци.

-Со повреди во незгодата се здобиле возачот на патничкото возило и сопатниците С.Ф.(52) од Неготино, С.П.(38) од Кавадарци, К.Ј.(46) од Неготино и С.П.(76) од Кавадарци и биле пренесени во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот.