понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Хроника

Четири лица повредени во тешка сообраќајка кај Псача

Четири лица повредени во тешка сообраќајка кај Псача

Четири лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка во атар на село Псача.

Во несреќата учествувале товарно возило „Ман“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ф.П.(28) од с. Узем, кривопаланечко и автомобил „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(24) од с.Ранковце.

-Во незгодата со повреди се здобил возачот на патничко моторно возило „фолксваген “ Д.А., и неговите сопатници В.М(50) од с. Крстов Дол. и Ж.С.(28) од с.Ранковце на кои им е укажана лекарска помош во Здравствен дом Крива Паланка, додека на сопатникот М.Ц.(59) од с.Петралица му биле констатирани тешки телесни повреди од доктор во Здравствен дом Крива Паланка, информира МВР.

Од страна на ОВР Крива Паланка е извршен увид на лице место.

ЕУРО 2020

Македонија