сабота, 28. јануари 2023. Вести денес: 46
home Хроника

Четири лица повредени во сообраќајка на патот Градско – Прилеп

Четири лица повредени во сообраќајка на патот Градско – Прилеп
фото илустрација

Четири лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 19:30 часот на регионалниот пат Градско – Прилеп, на крстосницата за с. Трстеник.

Во несреќата, според објавените информации од полицијата, учествувале „Пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(57) од с.Трстеник и  „Цитроен“ со скопски ознаки, управувано од М.М.(25) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Пежо“, Н.Н.(49) од с.Трстеник и по укажаната лекарска помош во Општа болница – Кавадарци таа била препратена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.  Со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила и сопатникот од возилото „Цитроен“, М.И.(22) од Скопје, информираат од МВР.

По укажаната помош лицата биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.