петок, 24. септември 2021. Вести денес: 130
home Хроника

Четири лица повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Четири лица повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

На 27.07.2021 во 03.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „мерцедес“, со италијански национални ознаки, управувано од А.У.(40) од с.Теарце, тетовско и товарно возило „фиат дукато“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(48) од Гостивар.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило. Н.И.(35) од Тетово, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од товарното возило Ш.К.(54) од с.Здуње, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар, информира полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Коронавирус