недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Хроника

Четири лица повредени во несреќа во Скопје

Четири лица повредени во несреќа во Скопје

Четири лица повредени во сообраќајка која вчера се случила во Скопје.

Во 14.43 часот на улицата „Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Б.(23) од Скопје и патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле Д.Б. и уште еден сопатник од „голфот“и двајца сопатници од возилото „киа“ на кои им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.