среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 28
home Хроника

Четири лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Четири лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Четири лица се здобиле со полесни телесни повреди во четири од вкупно 10 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, а од сообраќај исклучила едно нерегистрирано возило.

Пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло биле исто така санкционирани од сообраќајната полиција.

Издадена била една ПМН за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 74 возила.

Коронавирус