петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Хроника

Четири лица по претрес од полицијата уапсени во Скопје

Четири лица по претрес од полицијата уапсени во Скопје

Четири лица уапсени по претрес од пилицијата во Скопје поради поседување на марихуана.

-Првиот случај е пријавен вчера во 12.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Вергино“ ги лишиле од слобода С.Ш.(26) и Д.М.(31), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Подоцна во 17.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на Рекреативниот центар Езеро Треска го привеле С.Г.(43) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

И третиот случај е пријавен рано утринава во 01.45 часот полициски службеници од СВР Скопје, во близина на Градскиот стадион, го привеле Ф.П.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на сите три случаеви против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус