четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 47
home Хроника

Четири килограми марихуана во автомобил, тројца во притвор

Четири килограми марихуана во автомобил, тројца во притвор

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека го сториле кривичното дело „Недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничените на 7 јануари годинава околу 1:40 часот во патничко моторно возило „алфа ромео“ неовластено заради продажба превезувале наркотична дрога марихуана. Дрогата во вкупна количина од 4.574,2 грама била сокриена во повеќе пластифицирани вреќи. Тројцата осомничени ја превезувале дрогата во правец од Струга кон Охрид. Откако биле забележани од полицијата, осомничените се дале во бегство. Возилото на осомничените било престигнато од полицијата и сопрено.

Двајца осомничени, 23-годишен битолчанец и 43-годишен велешанец, веднаш биле лишени од слобода. Третото лице, 34-годишен битолчанец се дал во бегство, но по негово идентификување е пронајден и лишен од слобода во Битола.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд Охрид го прифати предлогот на обвинителството и на тројцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.

Коронавирус