вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 95
home Хроника

Целосно изгоре автомобил на регионалниот пат Чашка-Велес, повредени нема

Целосно изгоре автомобил на регионалниот пат Чашка-Велес, повредени нема
фото илустрација

На регионалниот пат Чашка-Велес во месноста Долги Рид претпладнево околу 11:30 часот во движење се запали автомобил марка „фолсваген поло“. Возачот веднаш излегол и повикал пожарна, чија екипа веднаш пристигнала и за десетина минути го изгаснала пожарот, но автомобилот бил целосно изгорен, информира за МИА Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

-Возилото не било осигурано „каско“ и затоа не е сомнителен, туку е несреќен случај. Најверојатно сопственикот имал некои проблеми со моторот, по што настанал пожарот, изјави Додевски.

Увид наместотона несреќата направи екипа на СВР Велес.

За време на интервенцијата на пожарникарите во прекин бил сообраќајот Велес-Чашка и обратно, по што повторно бил пуштен во функција.