вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Хроника

Брутално претепан и застрелан маж, запалени автомобили во центарот на Скопје

Брутално претепан и застрелан маж, запалени автомобили во центарот на Скопје

Изминатата ноќ во строгиот центар на Скопје се случиле два тешки инцидента во кои едно лице е брутално претепано а потоа и застрелано од пушка, а во другиот случај во главниот град оподметнат е пожар на два автомобила, дознава НетПрес од полициски извори.

Во првиот случај од Ургентниот центар „Мајка Треза“ било пријавено дека е донесен со прострелна рана од огнено оружје извесен Рејмондо И. Според исказот на настраданиот, повредата му била нанесена позади трговскиот центра „Рамстор“.

На овој инцидент му претходел уште еден во кој повторно жртва било истото лице, а се одиграл меѓу 5,30 и 6 часот утрото додека момчето со својата девојка седел во близина на познат ноќен клуб на булеварот „Свети Климент Охридски“, кога им пришле шест засега неидентификувани машки лица и физички го нападнале. Потоа еден од напаѓачите од автомобил „БМВ“ извадило пушка и стрелало кон неговата лева нога.

Повредениот бил пренесен на Клиниката за пластична хиругија, каде што била констатирана влезна рана во левата нога во пределот на потколеницата. Според наодите на лекарите, раната била нанесена од воздушна пушка.

Полициските службеници изршиле разговор со повредениот и го известиле јавното обвинителство.

Претходно изминатата ноќ околу 2 часот по полноќ во СВР Скопје од М.Н било пријавено дека на улицата „Христи Чернопеев“ е запалено возило. Од увидот на самото место е констатирано дека во периодот меѓу 22 часот во вторникот и 2 часот во средата, засега непознат сторител дошол на споменатата адреса до паркиран автомобил „хонда“ и најверојатно истурил лесно запаллива течно која ја запалил кај задното лево тркало на возилото. По подметнувањето на овој пожар, неидентификуваниот на ист начин но кај десното предно тркало потпалил и автомобил „опел“ предивикувајќи општа опасност, по штоп побегнал од местото на настанот.

Полициски службеници извршиле увид на самото место, а нанесената материјална штета дополнително ќе биде утврдена.