петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Хроника

Брутално нападнатото момче во Карпош е малолетно – Состојбата му е критична

Брутално нападнатото момче во Карпош е малолетно – Состојбата му е критична

Во општина Карпош денеска во попладневните часови момче било нокаутирано среде улица од засега непознат насилник кој веднаш го напуштил местото на настанот, а од МВР информираат дека се работи за повреден малолетник.

Од МВР потврдуваат дека денеска попладне околу 17.00 часот се случил инцидент на улица Шекспирова во близина на Машинскиот факултетот во Скопје, во близина на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош, каде младо момче чиј идентитет е непознат било брутално нападнато, а според очевидците се наоѓало во многу критична состојба, пишува Слободен печат.

Момчето се здобило со сериозни повреди во пределот на главата и итно било пренесено во Ургентниот Центар.

– Пациентот е во тешка здравствена состојба со сериозни повреди на глава и е однесен во ургентниот центар, велат од Брзата помош за Слободен печат.