вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Бркотници во Струга: Прво сакал да ги прегази, а откако се пресретнале со автомобили на кружниот тек настанал хаос

Бркотници во Струга: Прво сакал да ги прегази, а откако се пресретнале со автомобили на кружниот тек настанал хаос

На 24-ти овој месец во 16:05 часот во Полициска станица Струга, Ф. Ж. (31) од село Велешта, струшко, пријавил дека истиот ден околу 15:15 часот му била загрозена безбедноста од И.Л. од село Радолишта, струшко односно, според пријавителот, тој додека бил заедно со негов роднина на ул. „Партизанска“ во Струга, покрај нив во непосредна брзина со голема брзина поминал џип „шевролет“ со странски регистарски таблички, управуван од И.Л. и се обидел да ги удри.

Потоа, според пријавеното, Ф.Ж. управувајќи го своето патничко возило „голф“ на кружниот тек на ул. „Партизанска“ бил пресретнат и запрен од И.Л. кој најпрво започнал да упатува навредливи зборови кон Ф.Ж. и почнал да удира по неговото возило по што настанала меѓусебна физичка пресметка. Увид на лице место извршиле полициски службеници од ПС-Струга и НККР-Струга, И.Л. е лишен од слобода и се работи на целосно расчистување на случајот.

ЕУРО 2020

Македонија