среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Хроника

Бркотница со полицијата во Тетово: Оштетувал плакати, па бегал со автомобил

Бркотница со полицијата во Тетово: Оштетувал плакати, па бегал со автомобил

На 12.07.2020 во 05:05 часот било пријавено дека во Тетово, од полициски службеници од СВР Тетово, на крстосница на ул.„Маршал Тито“ со ул.„Благоја Тоска“, биле забележани три лица, кои оштетувале плакати од политички партии.

Кога лицата ги забележале полициските службеници веднаш го напуштиле местото со возило „фоксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, не застанувајќи на даден знак од полициските службеници и се упатиле кон Градскиот плоштад во Тетово.

По преземени мерки од полициски службеници, возилото било сопрено и било констатирано дека него го управувал Б.Т.(39) од с.Порој.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус