четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 133
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ и денес протестира, блокада на три раскрсници, Влада, МНР и министерство за правда

home Хроника

Брканица со полицијата низ Скопје: Турнале возило со огревно дрво во провалија и избегале

Брканица со полицијата низ Скопје: Турнале возило со огревно дрво во провалија и избегале

На 08.02.2020 во 21:20 часот на ул.“1523“ полициски службеници од СВР Скопје, вршејќи редовна служба, се обиделе да запрат патничко моторно возило „Даеву Нексија“ без регистарски таблички, во кое имало две лица, а возилото било натоварено со огревно дрво.

Возачот на дадениот знак не застанал и со голема брзина се упатил по бул.„Борис Трајковски“, а потоа кон с.Батинци и с.Елово.

Полициските службеници се упатиле по возилото и го пресретнале во атар на место викано „Црвена“.

Од возилото излегле двете лица и истото го турнале во провалија, по што го напуштиле местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус