петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Браќа од Неготино си го најдоа таткото мртов

Браќа од Неготино си го најдоа таткото мртов

На 22.06.2018 година во 09:20 часот во Полициската станица Неготино, М. Т. (37) од Неготино  пријавил дека тој и неговиот брат А. Т. околу 09:00 часот го пронашле починат нивниот татко Б.Т.(62)  од Неготино во месноста викана „Дубровски Лаки“ атар на КО -Дуброво.

Имено, починатиот Б. Т. на 21.06.2018 година околу 13:30 часот од дома се упатил кон реката Вардар, со намера да лови риба и бил недостапен на неговиот мобилен телефон. По овластување на дежурен Јавен обвинител, увид на  лице место извршила екипа од ПС-Неготино.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино.

По извршениот увид било констатирано дека нема траги на насилство над мртвото тело и по наредба на Јавниот обвинител, истото било предадено на семејството.

Коронавирус