среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Хроника

„БМВ“ управувано од малолетник излета од автопатот Скопје-Велес, повредени шест тинејџери

„БМВ“ управувано од малолетник излета од автопатот Скопје-Велес, повредени шест тинејџери

На 29.11.2021 во 01.15 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на надвозниот кај с.Ржаничино, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.Н., а управувано од неговиот 17-годишен син од с.Огњанци, скопско,  излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатниците З.Ж.(19), М.Д.(19) и уште тројца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Неофицијално, во возилото имало две девојчиња и четири момчиња.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус