вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 125
home Хроника

БМВ удрило во полициско возило, па избегало – во него пронајдени тешко повредени мигранти

БМВ удрило во полициско возило, па избегало – во него пронајдени тешко повредени мигранти

Во СВР Куманово синоќа било пријавено дека на патот с.Сопот, кумановско, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, удрило во службено полициско возило и побегнало.

-Околу 02.18 часот на патот Табановце-Куманово патничкото возило било пронајдено надвор од коловозот, а во него биле затекнати повредени двајца мигранти од Авганистан. Тие биле пренесени во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’, каде им биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.