вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 163
home Хроника

БМВ се заби во канделабра во Скопје: Возачот и малолетната сопатничка итно пренесени на Клиника

БМВ се заби во канделабра во Скопје: Возачот и малолетната сопатничка итно пренесени на Клиника

Околу 10:05 часот на улица „Перо Наков“ во Скопје, патничко возило „БМВ 320“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот А.Ј. од Скопје излетало од коловозот и удрило во канделабра.

Со тешки телесни повреди се здобила 16-годишна сопатничка, додека со телесни повреди се здобил возачот.

Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени биле во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус