сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 11
home Хроника

„БМВ“ излета од патот Неготино-Велес: Го нашле возачот приклештен во возилото, пожарникарите го извадиле

„БМВ“ излета од патот Неготино-Велес: Го нашле возачот приклештен во возилото, пожарникарите го извадиле

Едно лице е повредено откако автомобил „БМВ“ излетал од патот Неготино-Велес, на петстотини метри пред патарината Градско, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Повреден е возачот на патничкиот автомобил со скопски регистарски ознаки. Бил приклештен во возилото, па на лице место интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци која го извадила од возилото, појасни Додевски.

Повредениот со возило на итна медицинска помош бил пренесен од Здравствен дом Кавадарци во болницата во Велес.

Коронавирус