среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

„БМВ” излета од пат во Прилеп: 2 повредени лица итно пренесени во болница

„БМВ” излета од пат во Прилеп: 2 повредени лица итно пренесени во болница

На булевар „Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „БМВ” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(26) од Прилеп, вчера излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил совозачот С.Д.(48), додека возачот се здобил со телесни повреди.

Тие биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Прилеп.