петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Хроника

БМВ излета од пат и удри во бетон, 20 годишниот возач тешко повреден

БМВ излета од пат и удри во бетон, 20 годишниот возач тешко повреден

Автомобил „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(20) од Тетово, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид.

Несреќата, информира полицијата, се случила вчера попладне во Тетово, пред Арабати Баба Теќе.

Во незгодата, Б.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Коронавирус