сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

„БМВ“ излета од пат, две лица тешко повредени

„БМВ“ излета од пат, две лица тешко повредени

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила околу 1 часот по полноќ на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Од МВР информираат дека Е.А.(53) од село Јагол-кичевско управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со австриски регистерски ознаки, излетал од коловозот.

-Возачот и неговата сопатничка Ѓ.А.(40) се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во гостиварската општа болница, а потоа биле пренесени на скопските клиники, информира полицијата во денешниот билтен.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.

 

Коронавирус