понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 8
home Хроника

Близу 200 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје- при преглед на еден мотоцикл пронајдени и дрога, два ножа и боксирач

Близу 200 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје- при преглед на еден мотоцикл пронајдени и дрога, два ножа и боксирач

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 07.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот санкционира 24 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Откриени се и 77 останати прекршоци за кои се издадени 58 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 07/08.09.2019 во времето од 19,30 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 36 возачи. Покрај тоа, задржани се три мотоцикли и едно патничко моторно возило за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.  Откриени се 53 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог.

На 08.09.2019 во 01,00 часот во Полициската станица Бит Пазар приведени се двајца малолетници од Скопје, поради тоа што за време на акциската контрола на улица „Цветан Димов’’ при преглед од полициски службеници на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кај малолетниците се пронајдени марихуана, два ножа и „боксирач“. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.