понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Битолчанка удрена од автомобил, со тешки повредени пренесена во болница

Битолчанка удрена од автомобил, со тешки повредени пренесена во болница

Жена е тешко повредена откако синоќа околу 20 минути по полноќ во неа удрил автомобил „Мицубиши“.

Од МВР информираат дека несреќата се случила на улицата „Столарска“ во Битола, кога И.П.(36) од село Дедебалци, битолско, управувајќи со автомобилот „Мицубиши“  удрил во пешакот С.С.(58) од Битола.

-С.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, информираат од МВР.