вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Хроника

Битолчанка тешко повредена, додека пешачела ја удрил автомобил

Битолчанка тешко повредена, додека пешачела ја удрил автомобил

На 27.04.2019 година во 18,10 часот било пријавено дека во Битола на улицата „Охридска“ патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од Т.Ц.(25) од Битола, удрило во пешакот Д.З.(70) од Битола.

Во незгодата Д.З. се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.